Во документарецот на БиБиСи кој се најавува дека ќе се прикаже денеска, ќе се појават докази за афера тешка 100 милиони долари во која е поврзан Сеп Блатер.
Се работи за голем корупциски скандал во кој ФБИ ја истражува улогата на првиот човек на ФИФА во кој мито примиле некогашниот претседател на ФИФА, Жоао Авеланж и членот на извршниот одбор на ФИФА, Рикардо Тешеира.
Овие двајца функционери добиле 100 милиони долари од компанијата ISL за да обезбедат маркетинг и телевизиски права во периодот од 1992-ра до 2000 година.
Кариерата на Авеланж и Тешеира завршија предвреме поради оваа афера, а кога Блатер одговараше пред Етичкиот комитет на ФИФА изјави дека не знае ништо за незаконското работење на неговите претходници.
Според тврдењата на БиБиСи, ФБИ има писмо во кое Авеланж пишува за поткупот и наведува дека Блатер знаел за тоа.
Последните апсења од страна на американските власти поради мито и корупција во ФИФА се случија пред четири дена.