Швајцарската полиција ги уапси Алфредо Хуит од Хондурас, претседател на КОНКАКАФ (Федерација на Северна и Средна Америка и Кариби) и Хуан Анхел Напут претседател на КОНМЕБОЛ (Федерација на Јужна Америка).
Тие се приведени неколку часа пред да започне состанокот на ФИФА, а се осомничени за примање мито во износ од неколку милиони долари.
„ФИФА стана свесна за мерките што се преземаат од страна на американското министерство за правда и ќе продолжи целосно да соработува со истрагата на САД како што е дозволено во швајцарскиот закон, како и да биде со истрагата предводена од швајцарската канцеларија на Јавниот обвинител“, стои во соопштението на Светската куќа на фудбалот.
Според Швајцарската федерална канцеларија за правда, овие две лица се уапсени во текот на ноќта бидејќи постојат докази дека земаат пари за продажба на маркетинг права за фудбалски турнири во Јужна Америка, како и за квалификациите за Светското првенство.
Во истиот хотел во Цирих, во мај месец беа уапсени седум високи функционери на ФИФА на барање на истрагата за корупција на САД.