Упатството се однесува на Законот на Коруптивна пракса во странство, кој им забранува на компаниите кои прават бизнис во САД да подмитуваат владини претставници во која било земја во светот.
Она што е дозволено да се подари се: ручек, да му платиш такси на функционерот, да му дадеш репрезентација од твојата компанија, разумен подарок за свадба, патување за оправдана бизнис цел или влезници за бејзбол, кошарка и слично.
Она што не е дозволено да се подари е: спортски автомобил, крзнени палта, членства во кантри клубови, плаќање сметки за мобилен, плаќање лимузина, патувања до туристички локации каде што твојата компанија нема претставништво (Хаваи, Лас Вегас, Нијагара, Дизниленд...).
Веројатно најкомплицираниот дел од законот е како да "подмачкаш" функционери, на кои митото им е дел од праксата.
"Компаниите можат да им платат на функционерите да го прекршат законот или да решат во нивна корист, ама тоа можат да го направат само за забрзување на работата, како добивање виза, добивање полициско обезбедување или обезбедување на телефонска линија, струја и вода. Значи плаќање на некој функционер за да не ти ја гаси струјата во фабриката се смета за оправдан трошок," стои во објаснувањето на законот.
По законот имаш основа за поткупување и ако тоа ти го спаси животот.
Во објаснувањето се дава и уште една околност во која може да се даде поткуп, а тоа е ако таквата пракса е дозволена со закон во земјата.