Алексеј Улјукаев се соочува со 15 години затвор доколку се потврди обвинението дека земал 2 милиона долари во кеш од првиот човек на нафтениот гигант Роснефт за да ја одобри продажбата на нафтената компанија Башнефт на заинтересираниот Роснефт.
Улјукаев тврди дека кога ја примал торбата од Игор Сечин, мислел дека се работи за подарок во вид на некои скапи пијалоци а за дрвената кутија во неа бил уверен дека содржи кобасици.
Поранешниот министер беше уапсен во канцелариите на Роснефт каде што било извршено примопредавањето на „алкохолот и кобасиците“ а Владимир Путин го смени веќе следниот ден.
Како дополнително уверување на својата верзија, брат Алексеј тврди дека Сечин неколкупати годишно доаѓал во посета на неговото министерство секогаш носејќи исти такви торби а и дека извесно време пред апсењето, Сечин му ветил дека ќе му донесе вино „какво што не пробал“.
Инаку, торбата била тешка 15 килограми.