На убиството на Маринова и претходеа убиствата на словачкиот новинар Јан Куциак во февруари годинава и атентатот на истражувачката новинарка од Малта Дафне Каруана Галиција која беше убиена со подметнат експлозив во нејзиниот автомобил.
Неколку дена пред да биде убиена, Маринова во својата телевизиска емисија објавува информации за проневера на ЕУ фондови од страна на неколку бугарски и романски градежни компании. Минатиот месец репортерите кои работат за емисијата на Маринова се приведени од бугарската полиција заради снимање луѓе кои биле поврзани со сторијата што ја истражуваат.
Според колегите, Маринова во саботата излегла да трча бидејќи се подготвувала за маратон и тогаш е видена за последен пат. Бугарскиот министер за внатрешни работи, објави дека Маринова била силувана и дека починала од давење и повреди на главата.
27-годишниот Јан Куциак и неговата вереница беа најдени мртви во нивната куќа во Вељка Мача во февруари годинава. Двајцата биле застрелани. Куциак додека работи за Aktuality.sk пишува голем број статии за избегнување данок и проневера на ЕУ фондови, што најверојатно е мотив за неговото убиство.
Дафне Каруана Галиција загина од експлозив поставен во нејзиниот автомобил. Пред да биде убиена новинарката обемно пишуваше за „очајниот“ проблем со корупција на Малта што се протега низ комплетната политичка елита на земјата. Нејзиниот последен блог пост завршува со „Секаде каде што ќе погледнеш има криминалци. Ситуацијата е очајна“.
За сега сите три случаи завршуваат со осуда на убиствата која доаѓа од највисоките фотељи на ЕУ (Јункер и компанија) и не нешто многу сторено во врска со проблемите и информациите што новинарите ги извадиле на површина и на крај довеле до нивна елиминација.