Драмата во ријадскиот хотел Риц -Карлтон предизика голем светски публицитет бидејќи беше потег без преседан а заврши со признание дека задржените членови на саудиската елита се согласиле да вратат 106 милијарди нечесно заработени пари.
Главна мета беа децата на кралот Абдула, кој беше монарх пред неговиот полубрат кралот Салман. Тајмс објаснува дека Фондацијата на Абдула им исплатила по 340 милиони долари на секој негов син и по 200 милиони долари на секоја негова ќерка. А Абдула има преку 30 деца.
Мозок на операцијата беше принцот Мохамед Бин Салман кој инсистирал заробените членови на саудискиот крем да ги вратат парите. Притоа тој и неговите луѓе изгледа не го правеле тоа само со убаво бидејќи американскиот магазин пишува дека најмалку 17 бизнисмени затворени во Риц - Карлтон подоцна побарале лекарска помош за последиците од „убедувањето“.
Медиумот наведува дека од луксузниот хотел жив не излегол генералот Али Кахтани за кои очевидци велат дека бил тајно изнесен од хотелот со симптоматична искривеност на вратот и други траги од физичко малтретирање. Ал Кахтани не бил од редот на тајкуните но бил десна рака на принцот Турки, главниот администратор на спорната Фондација.
Деспотското портфолио на Саудиска Арабија не ѝ пречеше на британската премиерка Тереза Меј деновиве да му постеле црвен тепих на принцот МбС и тоа на годишнината од еден ретко спомнуван злосторничкои потфат во кој загинаа 83 цивили, за што детално потсетува Интерсепт.