Во прашање се анфас фотографии од над 300 министри од влади на најразличните „станови“ од екс-СССР, плус балтичките држави, Русија, Украина и Белорусија. Најниско БМИ и корупција имале балтичките држави, највисоко Украина и централно-азиските држави.
На пример Узбекистан има министри со просечен БМИ од 35,5 и индекс на корупција од 22, додека во Естонија ова е 28,7 со 71. (Кај БМИ-то 25 е висока граница на нормала, а кај индексот на корупција што е пониска бројката толку е повисока корупцијата.)
Авторот на студијата Павло Блаватски, од Монпеље бизнис школата, објаснува дека за сега дебелината е еден од најконзистентните индиректни показатели на корупцијата. Тој објаснува дека еден од досегашните параметри, швајцарските часовници, кои масовно се користеле како мито во Кина (нивната продажба се зголемувала за 3 пати по секоја 5-годишна промена на власта во земјата) се помалку се користи заради нивната видливост во секојдневниот живот и масовното постирање на социјалните мрежи.
„Ова покажува дека физичките карактеристики на политичарите, како нивниот БМИ може да биде искористен како параметар за политичка корупција кога тие показатели не се достапни, на пример на локално ниво,“ порачува Блаватски.