И во двете земји граѓаните во огромен процент сметаат дека нивните власти се корумпирани. 81% во Шпанија и 84% во Италија, што се едни од највисоките проценти во ЕУ, пренесува медиумот наведувајќи истражување на Галуп.
Словенија, која неодамна најголема доверба им даде на десничарите на Јанша исто така е во врвот на корупцијата, со 80%.
Најмала загриженост околу коруптивноста на државните центри на моќ има во Скандинавија (16% во Шведска, 17% во Данска и 19% во Финска).
На врвот на листата е Хрватите од кои дури 89% оценуваат дека властите им се дебело корумпирани.
Германија со 32%, Велика Британија со 41% и Франција со 64% се некаде на средина на табелата.