Обвинението е од една московска градска советничка, Јелена Селкова, која стига до договор во вредност од 37.500 долари (2,6 милиони рубљи) и јавно на Фејсбук прави показна вежба, па со помош на запалка покажува како ја снемува сумата во договорот.
Селкова, од Комунистичката партија, стига до договорот само затоа што заменува еден советник од владејачката партија што е заминат на боледување.
Според нејзе, бришењето подоцна се користи за зголемување на цената, а разликата во пари што градот ја исплаќа на добавувачот / претприемачот завршува кај корумпиран функционер.
Советничката изјавила дека веќе има испратено жалба до јавниот обвинител, дополнувајќи дека не очекува некој посебен резултат, „најверојатно ќе кажат дека пополниле со погрешно пенкало или дека нешто не било во ред со мастилото и дека не знаат како ова се случило.“