Највпечатливиот дел од презентацијата до која доаѓа Вор зоун, покажува дека капацитетот на кинеските бродоградилишта е 23.250.000 тони, наспроти американскиот капацитет од 100.000 тони, или разлика од 232,5 пати
Презентацијата ја има разликата и меѓу сегашната и идната состојба на американската и кинеската морнарица (PLAN - People's Liberation Army Navy). Па ако во 2020 разликата била 60 пловила во корист на Кина (категорија која опфаќа се од борбени бродови, подморници, помошни бродови, амфибиски бродови), во 2035 се очекува оваа разлика да биде најмалку 158 пловила.
Од американската морнарица иако ја потврдуваат автентичноста на презентацијата порачуваат дека во нејзе не е крајната верзија на податоците, и дека слајдот е дел од „жив документ“.
Од Вор зоун објаснуваат дека на кинеските бројки значително влијае и двојната природа на кинеските државни бродоградилишта, кои работат и за цивилни и за воени потреби. Сепак останува тоа дека Кина ги има најголемите капацитети за бродоградба во светот, без разлика дали биле цивилни или воени, па во американските бројки дури и да се вклучат цивилните бродоградилишта, кинеската предност останува неспорна.