Ганг, кој стана министер во декември минатата година, го нема во јавност од 25 јуни, што се објаснува со комбинација од службени и приватни проблеми.
Сомнежите околу Ганг почнаа кога тој не се појави на самитот на АСЕАН во Џакарта, што кинеското министерство за надворешни го оправда за „здравствени проблеми“. Во Џакарта патуваше претходникот на Ганг, Ванг Ји, кој таму имаше средба и со американскиот министер за надворешни работи, Антони Блинкен.
Наспроти оправданието на министерството, весници од Тајван и Хонгконг извадија стории дека истовремено од јавност ја снемало и најпознатата телевизиска презентерка во Хонгконг, Фу Шиотиан, заедно со нејзиното бебе.
На Твитер се појави клип од интервју на Фу со Чин од март 2022, кога тој е во Вашингтон. На видеото тој зборува за историјата на САД, но корисникот што го објавува клипот посочува на флертувањето меѓу двајцата соговорници.
Еден детал што се додава на приказната е дека интервјуто е во март минатата година, а Фу го родила својот син во ноември.
Во својот последен пост на социјалните мрежи, Фу објавува три слики: луксузен авион, скриншот од нејзиното интервју со Чин и селфи со синот.
Ганг и Фу се разлика некои си 17 години (57 со 40), а за министерот од претходно е познато дека е оженет и има син.