Стејт департментот објави извештај според кој Пекинг годишно троши милијарди долари на своите напори за манипулирање на информациите, вклучително со купување на медиуми на „јавни и не-јавни начини,“ спонзорирање на инфлуенсери и обезбедување на договори за дистрибуција кои промовираат необележани содржини на кинеската влада.
Според нив Кина има создадено сопствен информациски екосистем преку поврзување на странски политички елити и новинари, плус имаат инвестирано во техника (сателитски мрежи и телевизиска опрема) во регионите во развој за да ги приоретизираат кинеските државни содржини.
За Кинезите, извештајот само ги товари и онака напнатите кинеско-американски односи, „напишан е со менталитет од Студената војна и е само уште една алатка за потиснување на Кина и поддржување на американската хегемонија.“
Стратегијата на Кина наводно најголеми проблеми има да пробие во демократските држави заради силни локални медиуми и граѓанско општество.