Таг: туризам

Што нè чека во 2023-та?

Откако две последователни години, животите главно ни ги диктираше пандемија, сега проблемите во светот се главно поврзани со Украина. Во месеците што следат, ќе мора да се справуваме со геополитичките и безбедносни реперкусии од конфликтот, да се бориме со инфлацијата, хаосот во енергетиката и да ги следиме пост-пандемиските прилики во Кина. 

Нов вид, „солидарен“ туризам

Шетањето заради проширување на видици за други култури, дружење, правење селфиња и купување сувенири не е ослободено од политички и идеолошки бремиња. Едно движење се обидува да ја промени природата на оваа индустрија, инсистирајќи на тоа посетителите на одредено место да добијат пореална слика за тоа каде навистина дошле.

Барселона сака туристи, ама нејќе

Забраната за изнајмување соби за краток престој што почна на 6 август ја прави Барселона единствен голем град во Европа по ова прашање, иако дозволува изнајмување на цели станови - сѐ додека сопственикот на имотот ја има потребната дозвола.

Атомски туризам: коктел забави и избор за мис

Пред седумдесет години во пустината Невада почнало нуклеарно тестирање. Туристите љубопитно се сјатиле да го посведочат почетокот на атомската ера, без да бидат свесни за последиците од близината на зрачењето.

Грција притиска во ЕУ за побрзо воведување на пасоши за вакцинираност

Уште на овонеделниот самит Грција бара од Унијата да се забрза воведувањето на сертификати за вакцинирање кои ќе овозможат стартување на масовниот туризам.

Грција ќе започнува „комплексна вежба“ за отворање на туризмот

Следната недела како што владата постепено ќе почне да ги укинува ограничувањата воведени заради коронавирусот, така постепено ќе почнат да се отвораат и хотелите низ земјата, објаснува грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис.

Чесите ќе ја спасуваат хрватската туристичка сезона?

Чешките туристички асоцијации во обид да ги спасат летните аранжмани што ги имаат во Хрватска предложија создавање „корона коридор“ од Чешка до Јадранско море.

Премногу луѓе, премногу сакаат да патуваат

Пред некое време Лувр затвори затоа што гужвите се станати неподносливи, Венеција уште ротвајлери им нема сснато на туристи, а на Монт Еверест годинава има колона планинари како на студентски прашања пред јунска сесија.

Може ли светот да се спаси од туристи?

Венеција само што не прскала против туристи, Мадрид воведува посебни правила за ограничување на Ербиенби, Тајланд го затвори островот од „Плажата“, кинеските власти почнаа со апели до своите граѓани да не ја резилат земјата како туристи.

Венеција до крајни граници не може да поднесе туристи

После квотите за туристи (и цени што знаат да изнемоштат цел буџет за одмор), и одделување на туристи од локалци, следниот чекор што Венеција го размислува за дојденците да ја олабават е - забрана за алкохол.

Ако се туристи само да не се кинески

Ги има во сите големини, форми и лоши табиети, и тоа доволно лоши табиети за кинеската влада да се загрижи како тоа нејзините луѓе се однесуваат надвор од земјата. И овој пат кинеската влада не претерува.

Како ЕУ замислува туризам

Новата над милион евра вредна туристичка атракција на Советот на министри на ЕУ, со наслов „Домот на земјите членки“, направена со цел зближување на ЕУ кон граѓаните и народот што го владее, нема да работи за викенди и празници, а ако сакаш да ја посетиш ќе треба да се најавиш 5 дена порано.

Четири туристички измами низ Европа

Суштината на секоја од измамите е: почнува бесплатно (ќе се потпишеш, ќе добиеш нешто гратис), завршува со тоа дека треба да дадеш пари. И ова функционира без разлика дали си во Рим, Прага или Париз.

Ако баш мора да одите во Америка, со памет

Кинеските власти ги предупредуваат своите сограѓани кои планираат да патуваат во САД на двете најголеми зла во земјата: чести вооружени престрелки и огромни сметки за лекување, а и со тоа цариниците нема разбирање.

Туристи нон грата

За претстава колку на локалците им се смачени сите јабанџии што им шпартаат по град, замерката на противниците на планот на градоначалникот за ограничување на бројот на туристи што влегуваат во Венеција е дека тој не е доволно ригорозен.

„Само малку претерано“

Ова е слоганот од новиот официјален спот за промоција на туризмот во Орегон. Според локалци целиот е базиран на вистинити предели од Орегон. Според локални закони марихуаната е легална во Орегон, па не можеме баш да спориме кој што точно гледа во сојузната држава.

Меџик Џонсон и Самуел Џексон ги помешале со имигранти во Италија

Илјадници корисници на социјалните мрежи сериозно сфатиле еден трол на познатата манекенка Нина Мориќ на Фејсбук која што навлече дури и политичари да коментираат лошо за мигрантите.

Каков давеж се тоа туристите

И после ќе кажат туристите се разуздани. Па зошто и не би биле на својот годишен одмор? Буката е неподнослива? Па од вашите локали, каде што ги дерете како мачки, трешти до небо и ден и ноќ. Мочаат насекаде? А не поставивте ниту едно јавно ВЦ. Плажите се валкани? Па треба секој ден да ги чистите.

Сафари низ сиромаштија

Неодамна во Белград агенција понуди тура во која туристите можат да "запознаат Цигани" и ако сакаат со нив да собираат старо железо. За кратко време понудата беше повлечена, и не заради немање интерес од западните туристи.

Колку заработува туризмот во Мадрид од Кристијано Роналдо

Ако за Реал Мадрид заминување на Кристијано би била енормна штета на спортски и економски план, уште поголема би била за главниот град на Шпанија кој заработува многу од неговиот профил во туристичкиот сектор.

Исланд, земјата што ја изненади туризмот

Минатата година Исланд имал 5 пати повеќе туристи отколку што вкупно има население, заради што локалците се потешко успеваат да се справат со навалата.

Добрата страна на смогот

Додека на еден не му се стемни, на друг не му се разденува. На тема на смогот и урбаното загадување тоа значи дека кога во градовите не се дише, ете добра прилика за - селскиот туризам.

Американски десант на Исланд

Комбинацијата на пустелија, арктичка егзотика, одлични кадри за Инстаграм и прилично мирољубива и богата држава, се покажа добитна барем за туризмот на островот.

Мрачната страна на успешната туристичка сезона

Тост од 6 евра, бубачка во пица, пијан келнер, жив помфрит, туристка што паднала од велосипед па полицијата и ја донела казната во болница, се само дел од инцидентите што Вечерњи ги наведува од годинешната туристичка сезона во Хрватска.