Добар дел од кинеските градови (особено оние на северот од земјата) се заробени во густ и тежок смог што предизвикува еден нов социјален феномен, наречен бегалци од смогот. Тоа се оние луѓе кои ја користат секоја можна прилика да избегаат од градот за да се надишат воздух без мирис и вкус.
Кинеска онлајн туристичка агенција проценува дека дишењето е главната причина на барем 150.000 излегувања од земјата секој месец.
Судејќи по нивната апликација, изразите "избегнување смог" и "чистење на белите дробови" се најбараните меѓу речиси 5.000 фрази кои ги занимаат потенцијалните туристи.
Заради таканаречената воздушна апокалипса паѓа вредноста на железарниците и рудниците во земјата.