1949 е првата година кога исландскиот туристички борд почнува да ги брои туристите што дошле во земјата. Годината имаат вкупно 5.312 луѓе. До 1996, оваа бројка расте на 200.000. Растот продолжува се до 2010.
Во 2011-та, по 10-годишен непрекинат раст, земјата бележи пад на бројот на туристи. Уште следната година нешто се случува и бројот на туристи расте вон сите очекувања. Од нешто повеќе од 500.000 туристи во 2011, во 2016, до сега, Исланд го имаат посетено над 1,61 милион туристи, бројка која се очекува до Нова година да стигне до 2 милиона.
Моментално годишно повеќе Американци го посетуваат Исланд отколку што е вкупната популација на земјата. Годинава, низ островот со популација од 332 илјади луѓе, минале 325 илјади американски туристи, и оваа бројка е до сега, и се очекува да се зголеми до крајот на годината. Во 2010 земјата ја посетиле 51 илјада Американци.
Како пресвртница во целата работа се сметаат два моменти, прво ерупцијата на вулканот Ејафјадлајекидл, кој го блокираше авионскиот сообраќај во Европа. Заради ова земјата стана буквално главна вест во медиумите, што исландскиот туристички борд одлучи да го искористи за промоција на земјата, и го објави серијалот видеа “Inspired by Iceland” во кој се презентира земјата.
Втора важна работа е појавата на ВОВ Ер, исландска авио-компанија која нуди евтини летови до Исланд. Во моментов да резервираш јануарски лет од САД до Исланд, можеш да најдеш карта и за 380 долари. Претходно единствено достапен беше Исландер, каде картите во сезона стигаа до 1.500 долари, и имаше летови само во 6 големи градови во САД.
Во корист на Исланд е и што претставува идилична алтернатива на хаосот што спорадично ја погодува Европа, од тероризам и бегалци, до најразлични протести и немири.