Во 2019 Грција има 31,3 милиони туристи од странство и вкупна потрошувачка од туристи во износ од 18,2 милијарди евра, што изнесува 21% од БДП-то на земјата, бројки доволни за воскреснувањето на туризмот повеќекратно да биде приоритет на земјата.
Теохарис во разговор со Блумберг е најопшт што може да биде, „да ќе практикуваме дистанцирање, ама ќе гледаме и да ја задржиме нормалноста“, меѓутоа и покрај таквото кружење има неколку теми кои природно му доаѓаат непријатни, како на пример потребата туристите да бидат во карантин кога ќе влезат во земјата.
„Секако карантин не е правилниот начин на кој треба да се постапи.
Ние бевме многу успешни во агресивно следење на контакти и тестирање кога ќе откриевме нов случај. Па секако дека треба да има некој вид на тест, но сега разговараме со здравствените експерти бидејќи за да може да се патува идеално е вакво нешто да биде договорено на европско ниво,“ порачува Теохарис.
Дополнително запрашан што тоа значи во моментов во пракса, дали на пример здравствен сертификат за секој турист, Теохарис се враќа на стандардната политичарска општост објаснувајќи дека здравствениот сектор постојано создава подобри тестови и процедури, па затоа и мерките соодветно ќе се адаптираат во зависност од околностите.
Инаку просекот на Грција до сега е 13 смртни случаи од ковид-19 на 1 милион луѓе.