Како ЕУ замислува туризам

Новата над милион евра вредна туристичка атракција на Советот на министри на ЕУ, со наслов „Домот на земјите членки“, направена со цел зближување на ЕУ кон граѓаните и народот што го владее, нема да работи за викенди и празници, а ако сакаш да ја посетиш ќе треба да се најавиш 5 дена порано.

Добар дел од овие 5 дена се за ЕУ да може да ги спроведе сите потребни безбедносни проверки на посетителите, а тие го задржуваат правото во секој момент да ја повлечат дозволата што ти ја дале доколку во меѓувреме во објектот бил закажан итен состанок на ЕУ министрите и лидерите.

Центарот е сместен во зградата на Советот на министри, и во деновите кога ќе работи ќе биде отворен по само 3 часа (од 10:30 до 13:30) во текот на август, а од септември работното време ќе биде продолжено на 6 часа од 10:30 до 16:30.

Откако е отворен на 19 јули, во центарот во просек има по два до три посетители на ден, но персоналот на центарот за британски Телеграф нагласил дека има далеку многу повеќе барања за посети, отколку посети. Процените се дека центарот од 500 метри квадратни ќе ги врати парите во рок од четири години.

Телеграф пренесува изјави на ЕУ дипломати според кои центарот е направен од чиста суета, „ова се случи само затоа што Европскиот парламент има нов музеј... па и Советот мораше да има свој.“

За волја на вистината Европскиот парламент има два музеја, Парламентариумот од 21 милион евра и Домот на европската историја од 52 милиона евра. И двата музеја се бесплатни и работат за време на викенди.

Новиот центар одлично ќе ги надополни постојните критики дека парите на граѓаните се трошат на ЕУ пропаганда. Пред ова Европската комисија требаше да се објаснува зошто потрошила 1,9 милиони евра за испраќање на 8 млади лица на екскурзија низ Европа каде требаа да ја кренат свесноста за проекти финансирани од ЕУ. Бирократите на ЕУ одлуката за спискување на 1,9 милиони евра за круг околу континентот го оправдале со паниката предизвикана од статистиките дека само 23% од лицата на возраст меѓу 15 и 24 години чуле за проекти финансирани од ЕУ.

 

29 август 2018 - 12:49