Речиси универзално решение за секоја од овие измами е да не прозбориш ни збор и да се тргнеш на страна (освен ако нема полицаец до тебе, а веројатно нема да има штом решиле да те работат).
Првата измама е „плетена алка на пријателство“, и во неа ти доаѓа маж што ти става конец на прстот и почнува да го плете. Алката е беспари се додека не заврши со плетењето, по што ќе почне да ти бара пари за нејзе.
Во измамата со златен прстен непознат човек се преправа дека зад тебе нашол прстен и ти го дава, по што почнува да ти бара да му дадеш пари за возврат за неговата добрина:
За измамата за донација жени шетаат со лист и пенкало и бараат да се потпишеш на петицијата за некоја кауза, за веднаш откако ќе се потпишеш да почнат да ти бараат пари за истата:
За овие три измами е карактеристично дека знаат да бидат сработени во парови, од кои вториот партнер обично е џепчија.
Една од пообемните измами која од измамникот бара да познава и неколку јазици и зависи од неговата способност да состави приказна, е измамата со подарување облека: