Планот нема да оди до радикалност, туку ќе се ограничи на забрана за носење алкохол по 19 часот, дури и ако тој е во кеса. Целта на забраната се пијани туристи кои по цела вечер брљават по плоштадите и останатите јавни простори во градот.
Првиот човек на локалната полиција појаснува одредени финеси околу планот според кој продажбата на алкохол во продавниците ќе продолжи и по 19 часот, и регуларните муштериите што купуваат алкохол за по дома ќе бидат оставени на раат. Забраната е „за некој што пијан се мавта по улици и носи кеса со три шишиња пиво во неа“.
Проблемот на Венеција во основа се сведува на тоа што градот има 55.000 жители, а годишно само центарот го посетуваат над 20 милиони туристи.
Пред забраната за алкохол, градот најави забрана за седење или лежење на земја, прекршок што ќе се казнува со глоба од 50 до 500 евра.