Ништо подобро со инвазијата туристи не минуваат ниту Барселона, Рејкјавик, Дубровник, плажите во Тајланд, Мексико и на Филипините, или пак природни убавини како Сиера Невада, Андите и слични ултра популаризирани локации низ светот.
Проблемот со претераниот туризам се води како последица од „преплет на макроекономски фактори и променливи бизнис трендови“. Под претеран туризам се подразбира тоа што минатата година во Барселона како град со 1,6 милиони жители пристигнале 30 милиони туристи, или 20 милиони туристи во Венеција која брои 50.000 жители.
Она што е сменето е што „средната класа сега е глобална“ и десетици милиони луѓе сега имаат средства да патуваат низ светот. Добар дел од овие луѓе доаѓаат од Кина, па од 10,5 милиони кинески туристи во 2000-та, минатата година се проценува дека светот го прошетале 156 милиони кинески туристи. На ниво на вкупно човештво оваа бројка се движи од 70 милиони туристи во 1960, на 1,4 милијарди туристи во денес.
Растот на големо се должи на се поевтиниот превоз со бродови, и ултра евтините авионски карти. Плус, откако хотелите го губат монополот на сместување од сервиси како Ербиенби, туристите многу полесно се решаваат да мрднат од дома. Во исто време интернет сервиси како Јелп и Трипадвајзор им помагаат на туристите да се чувствуваат посигурно во своите патувања и истражување на нови локации.