Сето ова доволно ја вознемири глобалната туристичка индустрија за во Вашингтон да биде организиран форум на кој со време се бара решение на проблемот и лошиот имиџ што нивниот бизнис почнува да го добива.
Пример, првиот човек за Стратешкиот план за туризам на Барселона објаснува дека иако претераниот туризам е реално прашање, тој е и претерано искористен како термин од медиумите. Како што објаснува, Алберт Санс:
„Точно е, претераната гужва на улиците е вистинска, поскапувањето на кириите е таму, исто и негативната перцепција од локалците. Значи бројките се тие и ние мораме да не ги отфрлиме.“
Марија Рејнисдотир од Одделот за туризам на Исланд се согласува со претходното, објаснувајќи дека проблемите постојат со години но терминот „overtourism“ станува се поактуелен затоа што е лесен за памтење и го опфаќа сето она што јавноста го мисли за проблемот.
Проблемот со претеран туризам различно се манифестира на различни локации, во Париз тоа се толпи туристи посетители на Лувр кои се обидуваат да ја сликнат Мона Лиза. Во Перу проблемот е што обемот на луѓе кои се обидуваат да стигнат до Мачу Пикчу повеќекратно ги надминува капацитетите на тамошната инфраструктура. Во Барселона едноставно е гужва на улица и на туристичките локации, додека во Исланд проблемот е неверојатниот раст на туризмот чии бројки од 2010 се зголемуваат за по 25% годишно.
И покрај тоа што се свесни за проблемите што ги предизвикува туризмот, тројцата експерти за туризам ни од далеку не ни помислуваат дека е лошо што се преплавени со луѓе од странство. Тие имаат сосема поинаков пристап за решавање на проблемот, земи промовирај ги и помалку познатите туристички локации од сопствената земја, во надеж дека ќе го зголемиш бројот на туристи а истовремено ќе ја дисперзираш гужвата што ја создаваат.