Венеција има 80.000 редовни жители и 30 милиони туристи годишно, а градоначалникот Луиџи Бруњаро сака ова да го намали со ставање рампи на четирите мостови што ја поврзуваат Венеција со копно и да воведе дневни квоти. Рампите е планирано да бидат надгледувани од сообраќајна полиција која во случај на претерана гужва ќе го затворат влезот во градот и ќе дозволат само излез.
Противниците на планот се за подетална поделба на туристите: на оние што доаѓаат на еднодневна посета во градот, не трошат ни евро и само прават ѓубре, и оние што имаат резервирано хотел.
Така луѓето од Комитетот 25-ти април, организатори на еден од најголемите фестивали во градот, објаснуваат дека рампите нема да вршат многу работа, туку треба да им се даде слободен пристап на сите „што имаат резервирано хотелска соба, а да се блокира пристап на сите останати во деновите кога има наплив на луѓе во градот.“
Критика за рампите е и тоа што тие многу личат на рампите што ги произведува компанијата на градоначалникот.
Моменталната статистика е дека само една третина од туристите што доаѓаат во Венеција преноќуваат во градот, а голем дел не троши ни пара додека е таму.
Одбраната на првообвинетите е „скапо е“, објаснувајќи „ние не се плашиме од гужвата во градот, туку од цените.“