Прво е сведоштвото на еден загрепчаец кој оди на десет дена во хотел во Мљет. Неговиот список на поплаки почнува со ливадата покриена со чакал што хотелот ја води како паркинг, која благодарејќи на контејнерите за ѓубре е под постојан десант од галеби. Потоа е техниката, која слабо функционира кога е во прашање телевизорот (и тоа таман во време на Европското првенство), а воопшто не функционира кога е во прашање вифи. Во секторот кујна загрепчанецот се среќава со мрсни ножеви и чаши со остатоци од кармин, пица што ја чекаат 50 минути, и пиво од 4 евра. 10-дневниот аранжман во хотелот, семејство од Загреб го плаќа 2.130 долари.
На списокот, овој пат по сведоштво од други туристи, е и праксата на инаку обемно снабдени локали, сред ден да немаат кафе, или да имаат исклучиво изветреано пиво.
Гостинка од Бјеловар, заглавена во Сплит, заседнува во една сендвичара, каде сите присутни се вадат од памет кога готвачките му се раздеруваат на келнерот дека немаат време да го допечат помфритот. Додека Германка која паѓа од точак за време на една тура, во болницата во Шибеник е посетена од полицијата дојдена да и ја врачи казната од 130 евра.
Меѓу примерите на "колење" туристи, се наведуваат:
- Литар вода (Јана, 2 х 0,5) во дуќан во Хвар за 6,6 евра.
- Зелена салата во ресторан во Сплит за 8 евра.
- На гостите од една јахта вкотвена на Мљет наплатено им е 2.800 евра за шише вино.
Од Вечерњи нагласуваат дека ова се ексцеси и во глобала јадранските угостители, посебно хотелите, "како да се поделени на две групи, оние за кои практично нема ниту една рекламација, и оние за кои приговор имаат само 2-3 проценти од гостите."