Предлогот на Чесите е да им се дозволи одење на Јадран без задолжителната 14-дневна самоизолација, а за идејата веќе имаат разговарано хрватскиот и чешкиот премиер.
Според планот, Чешката влада треба да потпише договор со земји со ниска стапка на ковид-19, како Хрватска, Словачка и слични, кои ќе им дозволат на граѓаните патување во двата правци. Во случајот со Хрватска, за почеток се предвидени директни летови од Прага до Дубровник и Сплит.
Минатата година околу 8% од чешката популација била на одмор во Хрватска, каде истерале над 5,4 милиони ноќевања.
Во исто време Хрватите размислуваат околу отворање на границите за сите странци што имаат недвижнини и јахти во Хрватска, како и отворање на дел од пристаништата на Јадран.
Црните прогнози за туризмот е дека коронавирусот ќе скрати меѓу 20-30% од странските гости на светско ниво, а според ЕУ само туризмот во Унијата ќе има загуба од околу 1 милијарда евра месечно.
Хрватските приходи од туризам годинава се очекува да паднат за 75%. Во 2019 приходите од туризам во Хрватска надминаа 10 милијарди евра, и тие сочинуваат околу 20% од БДП-то на земјата.