По една прошетка и шопинг на шеталиштето во познатото летувалиште Форте деи Марми, еден од најдобрите кошаркари во историјата Меџик Џонсон и актерот Самуел Л. Џексон комотно седнале на една клупа да одморат.
Некој ги фотографирал и фотографијата станала хит на социјалните мрежи ширум Италија каде трае расправата дали мигрантите ги заслужуваат тие 35 евра на ден што ги добиваат од државата. Најмногу реакции предизвикал тролот на Нина Мориќ, хрватскиот модел која што долги години живее во Милано. Таа го искористила најчестиот коментар на сметка на мигрантите да направи шега:
„Па уште да гледаме мигранти како се излежуваат по клупи во туристички места како Форте Деи Марми и Милано Маритима со нашите 35 евра народни пари, премногу е“.
За жал (не за неа, затоа што кај неа бил центарот на коментари и дебати), многу не ја сфатиле иронијата, ја голтнале јадицата и распалиле по мигрантите. Меѓу нив и многу јавни личности и политичари. Други ја напаѓаа Мориќ без да ја знаат нејзината намера, па таа после неколку часа морала да пише нов пост:
„Да се срамат десетина илјади луѓе кои од мојата шега направија гаф. Само да ви раскажам дека во 1998 година пред видеото со Рики Мартин, во Лос Анџелес, снимав реклама за една позната марка на помфрит со Денис Родман и Меџик Џонсон. Продолжете да пишувате глупости, јас ќе продолжам да ве сакам сите.“
„Болдринианските ресурси (Лаура Болдрини/претседател на Собранието која предложи помош од 35 евра на ден за мигрантите) во Форте Деи Марми купуваат Прада за 35 евра. Сподели ако си бесен.“