Прашањето што им се поставува на испитаниците е „дали по ваше мислење повикот на муезинот за муслиманска молитва треба да биде чест во Германија како и црковните ѕвона?“
Исходот е 76% од испитаниците одговориле со „не“, 18% од испитаниците биле за, 6% немале став околу прашањето.
По старосни групи, кај лицата на возраст од 50 до 64 години 80% биле против ечење на повикот за молитва, додека кај младите, од 18 до 29 години, тој добил најголема поддршка од 23%. По партиска линија, над 90% од гласачите на АФД биле против, а над 40% од гласачите на Зелените биле за.
Анкетата, направена по нарачка на весникот Генерал-Анзајгер од Бон, следува откако градот Келн дозволи џамиите да го практикуваат својот повик на молитва стандардно преку звучници. Бон е еден од најголемите градови во Северна Рајна-Вестфалија, која има една од најмногубројните муслимански заедници во Германија.
Дозволата е за сите 45 џамии во Келн, меѓутоа тоа може да се случи само еднаш неделно, во петок, во периодот од пладне до 15 часот, и во траење од 5 минути. Притоа гласноста на звучниците се одредува во зависност од локацијата на џамијата, а секоја џамија ќе мора да одреди лице за контакт, кое ќе одговара и ќе се справува со жалбите.
Одобрението што го издаде Келн е со ограничен рок од 2 години.