Подкастот, по зборовите на Мишел Голдберг од Њујорк тајмс, го поставува прашањето „дали разликата меѓу строгата монашка заедница и култот лежи едноставно во општествената прифатеност на верата.“
„Мисионерките на љубовта, многу, на толку многу начини, ги имаа истите карактеристики како оние групи кои лесно ги препознаваме како култови.
Меѓутоа бидејќи доаѓаат од Католичката црква и се толку силно поврзани со Католичката црква, која како целост е религија а не култ, луѓето инстантно сметаат дека за нив не важи ’култ’,“ објаснува Џонсон.
Подкастот се надоврзува на критичарите на Мајка Тереза, како Кристофер Хиченс и докторот од Калкута, Аруп Чатерџи, кои тврдат дека таа „го фетишизира страдањето, наместо да бара начин како да го излечи.“
Чатерџи во своите критики опишува како децата во сиропиталиштето на Мисионерките ги врзуваат за кревети, а пациентите во Домот за луѓе што умират не добиваат ништо освен аспирин за своите болки.
Њујорк тајмс своевремено пишува:
„Чатерџи и други тврдат дека Мајка Тереза својата наклонетост кон штедливост и едноставност во својата работа ја довела до екстремност, и дозволувала практики како повеќекратно користење на хиподермични игли и толерирање на примитивни објекти во кои пациентите мораат да вршат нужда пред останатите.“
The Turning се разликува од претходните критичари, по тоа што има уникатен пристап до животот меѓу Мисионерките. Поранешните сестри зборуваат за „интензивна опсесивност со девственост до степен што секој физички човечки контакт или пријателство се забранети, а според Џонсон, Мајка Тереза дури и им кажува дена не ги допираат бебињата кои ги чуваат, повеќе од тоа што е неопходно.“
„Од нив се очекуваше редовно да се камшикуваат себе си - пракса наречена ’дисциплинирање’ - и им беше дозволено да напуштат за да го посетат своето семејство само еднаш на секои 10 години,“ пишува Голдберг во текстот за Њујорк тајмс.
Друга поранешна чесна сестра, раскажува како не и била дадена дозвола да замине и да го посети својот брат кој бил на смртна постела во болница. Не само што немала пари и била шишана нула, таа воопшто немала ни цивилна облека за да може да напушти. Зборувајќи за нејзиното искуство таа го користи терминот „перење мозок“.
„Ја не го ни споменав зборот ’култ’. Некои од поранешните сестри го кажаа,“ изјавува водителката на подкастот, Ерика Ланц.
Сето ова не значи дека поранешните сестри имаат само негативни чувства за Мајка Тереза или за Мисионерките на љубовта, туку целата работа е многу покомплексна, а самиот подкаст повеќе е меланхолија отколку огорченост.
„Јас се уште имам огромна наклонетост кон жените што се таму, како и кон жените кои си заминаа, секако кон едни повеќе отколку кон други.
Меѓутоа групата како целост, ме прави стварно, стварно, стварно тажна кога ќе видам како застранија од првичната намера на Мајка Тереза,“ изјавила Џонсон.
Таа потсетува дека Мајка Тереза првично вели „Ајде да направиме нешто убаво за Господ“, и според Џонсон „тоа е духот на првичната работа, и со тек на годините тоа толку многу се извитопери.“