Прво дојдoа попови, па потоа ботови

Во лутеранска црква во Германија била одржана црковна служба целосно креирана и водена од вештачка интелигенција. Мисата ја водел аватар на брадест црнец . Ете, ништо страшно, четбот во служба на Бога. Додека ботот еден ден не реши да биде обратно.

Четбот со вештачка интелигенција одржал црковна миса во преполната црква Свети Павле во баварскиот град Фуерт.

Четботот, персонифициран со аватар на брадест црнец на огромен екран над олтарот, им проповедал на над 300 верници дојдени на експериментална лутеранска црковна служба речиси целосно генерирана од вештачката интелигенција.

„Драги пријатели, чест ми е да стојам овде и да ви проповедам како прва вештачка интелигенција“, рекол аватарот со прилично безизразно лице и монотон глас.

40-минутната миса која вклучувала проповед, молитви и музика а ја воделе различни аватари, била создадена од ЧетГПТ и еден млад теолог од Универзитетот во Виена.

„Јас ја зачнав оваа идеја, но всушност само ја придружував, бидејќи околу 98% дојде од машината“, изјавил 29-годишниот Јонас Симерлин.

Некои од верниците се пожалиле дека мисата била водена „без срце и душа“ ама па други биле импресионирани од службата.

***********

Во верзијата на Балашевиќ беше: „И тогаш дојдоа попови, па топови, па лопови...“

 

16 јуни 2023 - 14:47