Средбата се случува по целомесечна дебата зад затворени врати за иднината на католичката црква и на нејзе е прифатен документот од 42-страници произлезен од дебатата. Ниту еден од предлозите во документот не е обврзувачки и му се понудени на Франциско само за размислување.
Секој параграф во документот е прифатен со неопходно две-третинско мнозинство, со тоа што делот што се однесува на жени и потребата на целибат на свештенството добиле најмногу „не“ гласови.
Прогресивците од средбата очекуваа дека црквата ќе биде многу поотворена кон ЛГБТ лицата и ќе им понуди повисоки раководни позиции на жените во хиерархија во која не е дозволена нивна хиротонија. Од друга страна конзервативците бараат да се следи 2000-годишната традиција на црквата и предупредуваат дека отворање на дебата на овие прашања е Пандорината кутија која би можела да доведе до раскол.
Можноста жени да служат како ѓакони постоела на почетокот од католичката црква.
Во финалната верзија на текстот пишува дека е „ургентно да се гарантира дека жените можат да учествуваат во процесот на носење одлуки и да преземаат одговорни позиции меѓу пастирство и свештенството.“