Таг: Папа Франциско

Има нешто во воздухот во Ватикан, и тоа не му се допаѓа на Папата

За време на затворен состанок со италијанските бискупи, Папата Францис се пожалил дека „во воздухот во Ватикан има педерштина“, нешто за што се извинуваше пред некое време.

На католичката црква ѝ фалат колешки

На средба со католичките бискупи и „цивили“ папата Франциско порачал дека е „ургентно“ да се гарантира поголемо учество на жените во управувачки позиции на црквата и побарал во рок од една година да се истражи како да им се дозволи на жените да бидат поставени на позиција ѓакони.

Попе, како порното?

Првиот човек на Католичката црква не само што призна дека свештеници, калуѓерки и останато свештенство гледаат порно, туку и ги замоли малку да олабават со тоа.

Ништо страшно, ама изгледа сме на почеток од Трета светска војна

Човештвото е пред избувнување на Трета светска војна е пораката што папата Франциско имаше да им ја пренесе на полските верници дојдени да го видат.

Дали Франциско ќе биде втор Папа во пензија?

Прво папата го откажа одамна планираното патување во Африка заради здравствени проблеми, а потоа најави дека ќе именува 21 нов кардинал, два предзнака кои се толкуваат како сигнал за неговото напуштање на престолот во Ватикан.

НАТО прв почна да се закача со Русија

„Лаењето на НАТО пред вратата на Русија“ можеби доведе до инвазијата на Украина, порачал папата Франциско кој искрено не е на чисто и околу тоа дали земјите низ светот треба да продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје.

Украинското знаме од Буча стигна до Папата

За време на неделниот прием во Ватикан, Папата Франциско го отвори и го бакна украинското знаме испратено од неодамна ослободената Буча.

Бајден во Рим пристигна како Гадафи

85 возила имаше автомобилската колона што го придружуваше Бајден по улиците на Рим, каде инаку е дојден да се договори околу глобалното затоплување. И ова е без возилата на италијанската полиција и безбедност.

Папата Франциск прв го доби дресот со кој Македонија ќе игра на Евро 2021

Македонскиот претседател Стево Пендаровски при посетата на Рим и Ватикан, на папата Франциск кој е голем љубител на фудбалот и осведочен навивач на аргентински Сан Лоренцо, му го подари дресот со кој Македонија ќе игра на Европско првенство за 15-ина дена.

Римскиот Папа со хаштаг случајно го поддржа Њу Орлеанс

Во неделата во НФЛ (американски фудбал) се играше дуелот меѓу Њу Орлеанс Сеинтс и Џексонвил. Победил тимот од Луизиана а во тоа имал помош и од Римскиот Папа Франциск.

Папата ќе укинува целибат за попови?

Како за црква која најголемите проблеми последниве децении ги имаше заради тоа што свештениците сами на себе си дозволиле да го прекршат целибатот и тоа главно со малолетни деца а.к.а педофилија, официјалното олабавување на целибатот не изгледа посебно радикално, ама е.

Франциско први, граматичкиот Папа

Како ретко кога Папата деновиве го собрал својот тим за комуникации за да разговара за јазикот, конкретно за придавките и именките.

Папата: „Полека малку со тоа дека Меси е Бог“

Барселона викендов со 2-0 дома го скрши отпорот на лутиот градски ривал Еспањол а творец на триумфот беше кој друг ако не најдобриот на светот според многумина, Аргентиенцот кој повторно даде два гола, од кои првиот беше магија.

Папата пред предизвик од милион долари за Велигден да го пости православно

Парите ги даваат активисти за заштита на животната средина, а за да ги добие Папата би требало годинешните велигденски пости да ги истера вегански, што би му дошло по православно мени, и тоа без зејтин.

Не расправајте се со Ѓаволот, дечкото е попаметен

Поглаварот на римокатоличката црква вели дека човек кој ќе се насанка да дебатира со Сатаната е осуден таа дебата да ја изгуби („Ќе избрише патос со вас“ како што обожаваат да го кажат тоа некои) бидејќи Сатаната е поинтелигентен од луѓето. Чаре? Наместо да се расправате, избркајте го.   

Чек, кој е Папа од вас двајца?

Во петокот вечер пријателска средба одиграа Рома и Шапекоензе, организирана со цел да се соберат средства за бразилскиот клуб којшто на 28. ноември 2016 го погоди страшна авионска несреќа. Но Римјаните слабо се одзваа (само 6.000 гледачи) за разлика од навивачите на Барселона кои на 7. август против Шапекоензе дојдоа околу 60.000. По средбата во Рим, делегации и играчи на двата тима отидоа на прием кај Папа Франческо.

На човек познат по пораки од 140 карактери, Папата му даде есеј од 38.000 зборови

Во посетата која ќе се памети по антологиската фотографија на нелагодност, Трамп и Папата по протокол разменија и неколку подароци, без разлика колку никој од нив него сакаше тоа.

Подобро да си атеист отколку дволичен католик

Од сите што можеа да го кажат ова дал Хиченс, дал Докинс, дал Џервејс, сугестијата доаѓа од главниот (католички) заменик на горниот, папата Франциско.

Трамп вс. Папата

Во разговор со новинарите околу својот став за имиграцијата, Папата Франциско објасни дека секој (Трамп) што каде и да било (на американско-мексиканската граница) сака да гради ѕидови наместо мостови не е христијанин. А како Трамп да пропушти ваква шанса за кавга.

Путин, Папата и Патријархот

Рускиот претседател за време на својот стаж како офицер на КГБ научи како да ги искористува другите. Во биографијата, Новиот Цар, поранешниот шеф на московското биро на Њујорк Тајмс, Стивен Ли Мајер, објаснува како Путин додека бил распореден во Источна Германија во последните години на комунизмот, ја искористил слабоста на својот противник за напредување на советската кауза.

Папата што ја доби својата улога во филм

Папата Франциско ќе се глуми самиот себе во новиот религиозен филм "Beyond the Sun," што е прв пат за Франциско и за кој било Папа во историјата да се појави во филм.

Како сакате среќен Божиќ, кога ништо не е среќно?

На проповедта во Ватикан којa следуваше по 129-те жртви во Париз, 43-те жртви во Бејрут и 224-те жртви од соборениот руски авион, Папата Франциско го прогласи годинешниот Божиќ за лакрдија бидејќи "целиот свет е во војна".