Потенцијалниот кандидат на Републиканците преку соопштение му одговори на Папата, а текстот е своевидно ремек-дело што ја сублимира целата реторика што Трамп ја тера во републиканската трка:
"Ако и кога Ватикан ќе биде нападнат од ИСИС, што сите знаат дека е најголемиот трофеј за ИСИС, можам да ви ветам дека Папата ќе посакуваше да се молел за Доналд Трамп да стане претседател, бидејќи тогаш тоа не би се случило. ИСИС би биле истребени, за разлика од она што сега се случува со нашите политичари кои само зборат, а не дејствуваат.
Мексиканската влада и нејзините лидери на Папата му имаат пренесено доста омаловажувачки забелешки околу мене, бидејќи сакаат да продолжат да ги цицаат САД, и во трговија и на границата, иако знаат дека сум комплетно разумен со нив. Папата има чуено само една страна од приказната - тој не го видел криминалот, шверцот на дрога и негативното економско влијание што сегашната политика го има врз САД. Тој не гледа како мексиканското раководство го надмудрува Претседателот Обама и нашето раководство, во секој аспект од преговорите.
Срамно е религиозно лице да доведува во знак прашање нечија вера. Јас сум горд што сум христијани и како Претседател нема да дозволам христијанството конзистентно да биде напаѓано и слабеено, за разлика од она што сега се случува, со нашиот сегашен Претседател. Ниту еден лидер, посебно не лидер на една религија, нема право да доведува нечија вера или религија во прашање. Тие го користат Папата како пион и тие треба да бидат засрамени од самите себе од тоа што го прават, посебно кога се вклучени толку многу животи и кога нелегалната имиграција е толку раширена."
Тајм во еден од своите текстови за Трамп околу неговиот успех кај конзервативните христијани, објаснува дека тој и покрај тоа што не знае да каже кој му е омилен стих, постојано повторува дека Библијата му е омилена книга, дека Стариот и Новиот Завет подеднакво ги сака и дека никогаш нема побарано прошка за своите гревови. На сето ова Трамп е и трипати женет "и сепак, националните анкети покажуваат дека Доналд Трамп има создадено вистинска поврзаност со овој блок."
Добар дел од верските лидери не се воодушевени од тоа што Трамп постојано се шлепа на католицизмот. Нивните забелешки (објавени на Твитер) се "Тргувањето на евангелието на Исус Христос за политичка моќ не е слобода туку ропство," или "Би било смешно кога ова не би било толку спротивно на целта на евангелието на Исус Христос."
За Папата веројатно Трамп и не е најголемиот проблем во САД. Претходно неколку конзервативни католички лидери во земјата ги предупредија своите верници (конзервативни католици) дека папата Франциско ја движи црквата во лево. Ова се истите лидери кои со години работат со про-живот и про-семејство католиците (генерално се противат на абортусот).