Запрашан околу тоа како треба да се користат дигиталните и социјалните медиуми, папата Франциск кажал збор два и за порнографијата, која според него е „порок кој го имаат многу луѓе... па дури и свештеници и калуѓерки.“
„Ѓаволот влегува од таму,“ порачал Папата.
Информацијата од Франциск, која е задоцнета за речиси сите што го читаат оваа, е дека и Исус има проблем со луѓе што гледаат порно.
„Оние со чисто срце, кои Исус ги прима секој ден, не смеат да ја примат оваа порнографска информација,“ изјавил Франциск.
Неговиот совет е секој што има порно или апликации за возрасни на своите смартфони да ги избрише за да не паѓа во искушение, а што се однесува до дигиталните и социјални медиуми Франциско смета дека тие треба да се користат ама да не се троши премногу време на нив.