Папата што ја доби својата улога во филм

Папата Франциско ќе се глуми самиот себе во новиот религиозен филм "Beyond the Sun," што е прв пат за Франциско и за кој било Папа во историјата да се појави во филм.

Проектот е нарачка од Папата, кој побарал да се сними филм што на децата ќе им ја пренесе пораката на Исус. Жанрот е семејна авантура, базиран е на евангелијата и ќе биде составен од неколку приказни. Во него ќе бидат вклучени деца од различни култури кои ќе ги претставуваат апостолите додека биле во потрага по Исус.

АМБИ пикчрс се одговорни за снимање на филмот, а целиот профит од него веќе е резервиран за донација за аргентинските добротворни организации Ел Алемендро и Лос Хогарес де Христо, кои работат со загрозени деца.

Снимањето почнува годинава во Италија, а комплетното финансирање е од АМБИ пикчрс, кои ќе бидат и дистрибутери на филмот.

2 февруари 2016 - 09:56