„Наместо олеснување и надеж, неодамнешните вести од војната во Украина, донесоа нови злосторства, како масакрот во Буча.
Запрете ја оваа војна! Нека замолкнат оружјата! Престанете со сеење смрт и уништување,“ порача Папата.
Папата изјавил дека валканото украинско знаме испишано со зборови и симболи во вторникот му било донесено од Буча.
„Ова доаѓа од војната, токму од градот маченик, Буча,“ изјавил Франциско.
Тој исто така ги прозвал и Обединетите нации за нивната „импотенција“ во војната во Украина. За време на неговата посета на Малта викендов, Франциско изјави дека размислува за посета на Киев и индиректно го критикуваше Путин за инвазијата на Украина, порачувајќи дека „моќник“ поттикнувал конфликт заради националистички интереси.