Меси првиот гол го постигна во 71’ минута после паненка од слободен удар, а вториот беше леснотија пред голот на Диего Лопез. Со овие два погодоци, Лионел стигна до бројката од вкупно 41 гол во сите натпреварувања и го израмни рекордот на легендарниот Икер Касиљас по бројот на најмногу победи во Ла Лига (334).
Аргентинецот во последно време одново покажува надчовечки способности, игра неверојатно од недела во недела и светската јавност со право се размавтува со разни епитети.
Но кога навивачите за него викаат дека е Бог, тоа не му се допаѓа на поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Францис.
Папата е сонародник со Меси, важи за голем навивач на Индепендиенте, но во едно интервју со Жорди Еволе од La Sexta, на прашањето дали е богохулие ако Меси се споредува со Бог, вели:
"Во теорија е богохулие, да. Не може да кажете дека е и јас не верувам дека е. Вие верувате дека е Бог“? -Верувам“, одговара новинарот.
Llegó el momento de hablar de D10S. #SalvadosPapa pic.twitter.com/08YI1zMtEO
— Salvados (@salvadostv) March 31, 2019
„Јас не верувам (кратко се смее Папата во интервјуто). Луѓето може да кажат дека е Бог, исто како што може да кажат ’те обожавам’, но само Господ Бог може да биде обожуван. Тоа се народни изрази. “Ова е Бог со фудбалска топка на терен“ е популарен начин за некој да се изрази себеси“, додава Папа Франциско.
Но тој игра добро, нели?
„Секако, многу е добар, но не е Бог“.
Меси по славјето во дербито на Каталонија, со екипата се врти кон дуелот од четвртфиналето на Лига на шампиони против Манчестер Јунајтед. Првиот меч ќе се игра на „Олд Трафорд“ на 11 април, а Барса реваншот го игра дома на 17 април.