Во неделата во Ватикан имало торжествена миса, на која се прогласувале нови светци во католичката црква. Пет христијани биле канонизирани, а по тој повод римскиот Папа на својот Твитер профил објавил: „Денес му благодарам на нашиот Господ за нашите нови #Светци. Тие оделе со вера и ние денес се завземаме за нив“.
Притоа, зборот Saints Папата го напишал со хаштаг #Saints, а ова е прекар на клубот Њу Орлеанс во американски фудбал. Алгоритамот на Твитер автоматски го поставил овој хаштаг во твитот на Франциск.
Today we give thanks to the Lord for our new #Saints. They walked by faith and now we invoke their intercession.
— Pope Francis (@Pontifex) October 13, 2019
Набрзо потоа Њу Орлеанс го победил Џексонвил со резултат 13:6, а на натпреварот демонстрирал одлична одбрана.
„После ова не смеевме да изгубиме. Благословени и многу благодарни“, напишале на Твитер налогот на Њу Орлеанс.
Папата Римски Франциск важи за голем навивач на фудбалскиот клуб Сан Лоренцо од Буенос Аирес. Тој отсекогаш покажувал интерес за фудбал и општо за спорт, но американскиот фудбал никогаш не му бил „на агендата“.
Couldn't lose after this.#Blessed and highly favored 🙌⚜️ https://t.co/2BoE2oYGqF
— New Orleans Saints (@Saints) October 13, 2019