Официјалната верзија е дека патувањето во Африка (ДР Конго и Јужен Судан) е откажано за да не се нарушат резултатите од терапијата што Папата ја прима за проблемите со коленото.
По ова следуваше најава дека на 27 август Папата ќе свика вонредна консисторија на која ќе именува 21 нов кардинал од кои 16 ќе бидат под 80-годишна возраст што ги прави потенцијални кандидати за негов наследник на некој следен избор на Папа.
Од изборот во 2013, Франциско има назначено 83 кардинали што се толкува како негов обид „да ја оформи иднината на Католичката црква и делумно да го ослабе историски доминантното вилијание на Европа“.
Веќе следниот ден тој треба да патува во Л’Аквила во централна Италија, каде се наоѓа гробницата на Целестин V, првиот Папа што има дадено оставка на својата позиција.
Наспроти симболиките што можат да се извадат од овие случувања, експертите за Ватикан објаснуваат дека во ватиканските кругови редовно има некој што очекува оставка од Папа.