Во исто време папата ја осудува бруталноста на војната и го критикува првиот човек на Руската православна црква, патријархот Кирил, за тоа што ја брани инвазијата во религиозна смисла, порачувајќи му дека „тој не може да се претвори себе си во послужник на Путин.“
Папата изјавите ги дава во интервју за Кориера дела сера, каде руските потези кон Украина ги опишува како „гнев што не знам дали бил испровоциран или можеби оформен“ од присуството на НАТО во соседните држави.
Франциско и претходно го осуди страдањето на Украинците и самата инвазија но се воздржа од споменување на Русија како агресор.
„Не знам како да одговорам - премногу сум далеку - дали е правилно да се снабдуваат Украинците со оружје.
Тоа што е јасно е дека во земјата се тестира оружје... Војните се водат за тоа: за да се тестираат оружјата што сме ги создале,“ порачал папата.
Франциско изјавил дека бил подготвен да патува во Русија на разговори со Путин, но дека Кремљ не одговорил на понудата од Ватикан.