Франциско имал проблем со зборот „автентичен“ посебно кога тој се користи за опишување на „автентичен христијанин“.
„Ние спаднавме во култура на придавки и прилози и ја заборавивме силата на именките... Зошто да кажеме автентичен христијанин? Тоа е христијанин! Самата основа на именката ’христијанин’, ’јас сум Христос’ е силна.
Оној што ја комуницира пораката мора да направи луѓето да ја разберат тежината на реалноста на именките која ја одразува реалноста на луѓето. И ова е целта на комуникацијата: да се комуницира реалноста, без засладување со придавки и прилози,“ порачал Франциско.
Инаку говорот пред тимот за комуникации Папата го почнува со: „Имам говор што треба да го прочитам, не е нешто посебно долг, седум страници е... ама сигурен сум дека после првата најголемиот дел од вас ќе заспие“.
Тој подоцна дополнува дека за црквата „комуникацијата е мисија“, и дека иако не треба да се штеди на ширењето на божјиот збор, во исто време „секој талент треба да биде добро потрошен, и да донесе плод“.
„Но каква треба да биде комуникацијата? Она што не треба да биде е рекламирање, просто рекламирање. Ти не смееш да се однесуваш како бизнисмен кој се обидува да привлече уште повеќе луѓе... Да употребам технички збор: ти не смееш да прозелитираш. Не е христијански да се прозелитира,“ порачал Папата.