За да не биде безобразен предлог до Папата, наградата е замислена како донација до организација или кауза по избор на римокатоличкиот поглавар. Предизвикот е затоа што католичките велигденски пости се лајт-верзија на православните, и имаат доста шарено мени во однос на тукашното кое им дозволува риба, јајца и млечни производи.
Мотивот на активистите е да ги поттикнат луѓето да јадат помалку месо што би придонело во борбата против климатските промени, кои според нив не можат да се спречат без огромно намалување на консумацијата на месо во богатите држави.
Самиот Папа во повеќе наврати предупредуваше и критикуваше на тема климатски промени и еколошката криза која се случува.
Како што објаснуваат од Милион долар веган, Франциско е избран и заради неговото големо влијание, посебно во Јужна Америка каде огромни пространства шума се сечат и чистат во корист на земјоделието и сточарството.
Од Ватикан уште немаат одговорено на понудата.
Католичкиот пост годинава почнува на 6 март и трае до 18 април, православниот почнува на 11 март и трае до 28 април.