„Утре ќе ја одбележите годишнината од Втората светска војна која толку многу болно ја обележа полската нација.
Денес сме пред Третата.
Можеби сеќавањето на минатите искуства ќе ве поттикне да создадете мир во себе, во семејствата, и во општествениот и меѓународен живот,“ порачал Франциско.
Римскиот папа овој став го имаше и во април, кога прв пат порача дека човештвото се движи кон Третата светска војна како да е „неизбежна“.
Папата е критикуван дека недоволно силно ја има осудено Русија за војната, и покрај објаснувањата на Ватикан дека тој отворено ја критикувал војната започната од Москва. Во ваквиот имиџ на папата не помогна и тоа што убиената Дарија Дугина ја нарече „кутра девојка“.
Претходно 85-годишниот Франциско порача дека сака да ја посети Украина, меѓутоа тоа не е изводливо заради логистиката на целото патување и неговите проблеми со движење.