Воскресе, ВИстина воскресе

Во црква во Луцерн, Швајцарија, во просторијата за исповед, отаде онаа решетка што постои меѓу  верникот и свештеникот, од пред некое време свети Исус. Не само што свети туку и внимателно слуша што се кажува во кабината и попат одговара на љубопитни прашања. Се работи за Исус на погон на вештачка интелигенција. Верници би рекле, си го бараат со боринче.

Малата и неукрасена црква долго време е позната како најстара во Луцерн. Но, во меѓувреме стана и синоним за новите времиња, откако инсталирале Исус со вештачка интелигенција, способен да разговара на 100 различни јазици.

„Екеперимент. Сакавме да видиме како луѓето реагираат на Исус со вештачка интелигенција. За што би разговарале со него? Дали ќе има интерес за муабет со него?, вели Марко Шмид, теолог од црквата.

Инсталацијата, позната како Deus in Machina, била лансирана во соработка со локална универзитетска истражувачка лабораторија. Претходно експериментирале со виртуелна и проширена реалност па решиле следниот чекор да е инсталирање аватар.

Се мислеле дали тоа да биде теолог, личност или светец... па решиле да одат на „сè или ништо“ и го одбрале Исус.

Инсталирале компјутери, микрофони и кабли, ја обучиле ВИ програмата со теолошки текстови и сега низ решеткастиот монитор, „ВИ Исус“ одговара во реално време.

Не лези враже (sic!), за два месеца, над 1.000 луѓе - вклучително и муслимани и туристи од Кина и Виетнам - направиле муабет со дигиталната верзија на човекот кој се жртвуваше во име на нашите аналогни гревови.

*********

Во Eвангелието по Лука се наведени бесмртните зборови на Христа: „Оче, прости им, не знаат што прават!”

Само што тоа е кажано во време кога не постоеше „machine learning“.

22 ноември 2024 - 14:40