Атеизму, избави нè од досадата

Првпат во историјата Британија влезе во „атеистичка ера“, со повеќе атеисти отколку верници во Господ. Научниците мислат дека имаат одговор зошто луѓето ѝ го вртат грбот на религијата. Верските обичаи им се здодевни.

Научници од Универзитетот во Виена прашале повеќе од 1.200 луѓе за нивите искуства со пет популарни духовни практики, од јога преку молитва до аџилак. Многумина се изјасниле дека им се здодевни. 

Нашето истражување покажува дека досада во духовен контекст може да биде сериозна пречка за трансформативната моќ на овие практики, вели Томас Гец, автор на студијата.

Здодевноста била предмет на многу истражувања. Научно е утврдено е дека „лошата“ здодевност придонесува за дебелеење, самодеструктивност и сексуална импотенција. Во екстремни случаи и до прерана смрт.

Спиритуалната здодевност досега на била истражена поради теоретските претпоставки дека „не може да бидат здодевни активностите со кои луѓе доброволно и мотивирано бараат цел и исполнетост во животот“.

За да се провери оваа теорија, прашале 1.267 возрасни луѓе за нивното искуство со пет типа духовни активности - јога, медитација, тивка изолација, католичка миса и аџилак. Најмалку здодевен бил аџилакот, а најмногу проповедите.

Во Британија првпат во историјата верниците се малцинство. Во 2008 година 41,8% Британци верувале во Господ, а 35,2% биле атеисти. Веќе во 2018 веќе има пресврт - бројот на верници се намалил на 35,2%, а на атеисти скокнал на 42,9%.

Истражувачите им препорачуваат на духовните лидери да бараат нови начини за да ги промовираат вредностите на нивните адети.

7 март 2025 - 12:56