Германска сојузна држава забрани носење на бурка и нихаб, и какво и да е прекривање на целото лице за учениците во сите училишта. Забраната беше придружена со порака од премиерот според кого бурка и нихаб не припаѓаат во слободно општество. Истото правило веќе е во оптек на наставници и останат училишен кадар.
По наредба на султанот Мехмед Втори речиси 500 години Света Софија е џамија, потоа по наредба на Ататурк таа тера неполни 90 години како музеј, по се изгледа деновиве неофицијалниот султан на Турција ќе ја враќа во џамија.
Момчето родено во Лондон кое почина во Италија на 15 годишна возраст е на пат да биде прогласен за светец од страна на Католичката црква. И ќе биде заштитник на интернетот.
Проминентен православен свештеник на кого му беше забрането да проповеда заради негирањето на коронавирусот (и се по ред), го стави под опсада матичниот манастир од кој беше прогонет.
Вселенски сили се новиот огранок во вооружените сили на САД (покрај пешадија, авијација и морнарица) и како такви тие сакаат да ги имаат сите протоколарни обележја како и другите родови, макар тоа значело и „официјална благословена библија на вселенските сили“.
Деновиве француската левица излезе на протест против исламофобијата во земјата, претходно имаше отворено писмо против истата, меѓутоа најзабележително на двете беше отсуството на дел од истата таа левица.
По анализа на стотици апликации поврзани со будизмот, двајца изучувачи на будизмот заклучуваат дека овие апликации во основа само ја засилуваат зависноста од технологија, а плус на тоа не го олеснуваат стресот.
Како за црква која најголемите проблеми последниве децении ги имаше заради тоа што свештениците сами на себе си дозволиле да го прекршат целибатот и тоа главно со малолетни деца а.к.а педофилија, официјалното олабавување на целибатот не изгледа посебно радикално, ама е.
Прастаро е тоа прашање, дали ужасите на војната нè тераат кон фаталистичкото „само Господ може да нè спаси“ или пак воените зла и неправди го зголемуваат сомнежот дека некој од горе води сметка за сè. Прашањето било тестирано на илјадници напатени луѓе, во две студии.
По ирански закон машко и женско кои не се во сродство / брак не смеат да имаат никаков физички контакт, а ирански закон важи дури и да си репрезентативка на турнир во Хрватска.
Јака им е логиката: војник може и треба да биде благословен затоа што ја брани татковината,. Кога војник се благословува, благословот го фаќа и неговото оружје. Ама пошто овие големиве ракети немаат човек, нека летаат сами, без божја помош
Поглаварот на римокатоличката црква промени секвенца во веројатно најчестата молитва на христијаните, онаа со која го започнуваме секој семеен ручек фатени за раце, молејќи се да не е боранија.
Проценувајќи дека прогонот на христијаните низ светот е во постојан раст, парламентарци од неколку германски политички партии побараа нивна посилна заштита низ светот.
Гледано од научна перспектива, без да се задира во другата страна, атеизмот е декларација, која нема никаква врска со научниот метод, барем така тврди теоретскиот физичар од Дартмут колеџот, Марсело Глејзер, кој 35 години е во оваа професија.
Иако Велигденскиот пост (а и другите) е многу подлабок и потежок обред од „а растителен кашкавал смеам да јадам? А какао ама чисто?“ сепак целиот испоснички колектив главно пази само на дијапазонот на храна. А не е проблемот дали се важи или не се важи.
Веројатно ако обичен цивил денес само на еден ден се обиде да замени наставник/наставничка на основци, нема да има ни тронка сомеж дека на децата итно им треба егзорцизам. Е, италијанските власти по сопствено убедување тргнаа по овој пат.
Парите ги даваат активисти за заштита на животната средина, а за да ги добие Папата би требало годинешните велигденски пости да ги истера вегански, што би му дошло по православно мени, и тоа без зејтин.
Ништо од намерата не се базира на алт-десница и слична идеологија, туку е инспирирано од веќе постојниот црковен данок што функционира во земјата, а целта на новиот план е да ги направи џамиите независни од странски донатори.
Откако Вселенскиот патријарх Вартоломеј и даде автокефалност на украинската црква од руската, рускиот патријарх најави дека РПЦ ќе преземе мерки против одлуката и цариградската патријаршија.
Руската православна црква започна дисциплинска постапка против еден свој свештеник инспирирана од неговиот Инстаграм профил и расфрлањето со Гучи и слично брендирани работи на него.
Во јануари 1956-та група од пет американски мисионери решаваат да контактираат домородно племе во источен Еквадор со цел да ги преобратат во христијанство. По само неколку дена од првиот контакт тие се убиени со копја на една затскриена плажа. САД се вџашени од веста, а Лајф магазинот објавува сторија на 10 страници за нив. И за неодамнешната смрт на Џон Ален Чау се крена огромна галама, ама ни приближно позитивна.
Логиката е отприлика ваква: на луѓето им е потребно да веруваат дека постои нешто што раководи со нивните животи и им дава смисла. Оддалечувањето од доминантните религии не значи дека оваа потреба згаснала, туку само дека таа ќе си најде нови патишта.