Католичката архиепископија од Њу Орлеанс им препорача на верниците, доколку имаат опција, попрво да ги одберат вакцините на Фајзер или Модерна, отколку онаа на Јансен и Џ&Џ заради морална загриженост околу нејзиниот настанок и содржина.
Потсетуваат дека Џонсон и Џонсон користеле клеточни култури од абортуси во 70-тите и 80-тите години и тоа не само во фазите на тестирање туку и во развојот и производството на вакцината. Слични клеточни култури користеле и Фајзер и Модерна но само во тестирањата а не и во производството што ја прави нивната конецијата со абортусот доста далечна.
Иста загриженост изрази и католичката диецеза во Батон Руж која потсети дека и натаму го охрабруваат вакцинирањето но потсетуваат на моралната загриженост околу вакцината на Џонсон и Џонсон.
Компаниите кои изработуваат вакцини повторуваа дека ваквите клеточни култури се драгоцена истражувачка алатка која дава подобар увид во проблемите и води кон нови начини на превенција, дијагностицирање и третмани на разни болести.
Обете католички заедници порачаа дека оние луѓе кои околностите ги принудиле да се имунизираат сепак со Џонсон и Џонсон нема да бидат мета на никакви осуди и морализирања од нивна страна.