Меѓу останатите мерки, од кои има и некои порадикални кои би довеле до отцепување на Руската православна црква, е и забраната од патријархот Кирил за посета на Света Гора.
Забраната не се однесува само на свештенство, туку на сите Руси.
Атос стандардно е преплавен од руско свештенство и богаташи, во 2016 е посетен и од Владимир Путин, а дел од 20-те манастири на Света Гора се доминантно исполнети со руски монаси. Токму еден од најчестите посетители на Света Гора, Русинот Константни Малофеев познат како „православниот олигарх“ беше човекот кој во 2013 успеа да го договори носењето на „Подароците од Трите свети крала“ на турнеја низ Русија и Украина. Предметите се верува дека се подароците што тројцата мудреци му ги имаат дадено на Исус. Една од шпекулациите е дека анектирањето на Крим е договорено токму во време кога реликвиите се таму изложени.
Новинар на Гардијан стига на Света Гора и разговара со неколку тамошни монаси околу целата ситуација. Дел од монасите кои со децении живеат таму се со став дека „Украина е независна држава и заслужува да има сопствена црква“. Други пак, по потекло од Украина, ама етнички Руси, ги нарекуваат Украинците кои се залагаат за независна црква „расколници и еретици“.
Тие се обидуваат околу целата работа да разговараат со првиот човек на манастирот Пантелејмон, кој беше посетен од Путин.
Тој им бара прашањата да му бидат поставени на писмено. Кога им го враќа листот со прашања на него пишува дека тие „не се доволно духовни“ за да ги одговори.