Се работи за 11-милионската Баден-Виртемберг, и следува неколку дена откако судот во Хамбург (во друга сојузна држава) ја поништи тамошната забрана за носење бурка и слично.
Премиерот на Баден-Виртемберг Винфрид Крешчман објасни дека за ваквото криење, стандардно носено од ултра конзервативни муслимански девојчиња, нема место во слободното општество, дополнувајќи дека на универзитетско ниво прашањето е многу покомплексно, бидејќи таму студентите се полнолетни возрасни лица.
Поборниците за воведување на овие забрани објаснуваат дека тие се неопходни за заштита на младите девојчиња, бидејќи присилување или поттикнување да носат бурка или никаб е прекршување на нивните права.
Моментално добар дел од соседите на Германија: Холандија, Франција, Данска и Австрија, комплетно го имаат забрането носењето на ваквите аксесоари.