Тинејџер ќе биде првиот светец кој го дава 21-от век

Момчето родено во Лондон кое почина во Италија на 15 годишна возраст е на пат да биде прогласен за светец од страна на Католичката црква. И ќе биде заштитник на интернетот.

Католичката црква е на само чекор од беатификација на Карло Акутис, кој ќе биде првиот светец од новиот милениум.

Акутис почина пред 14 години од леукемија. Болеста го мотивирала да научи да програмира на стар домашен компјутер на кој стартувал веб страница која ги бележела чудата што се случуваат ширум светот. Го знаат и како момче кое им помагало на деца кои биле малтретирани од школски насилници, им помагал и на бездомници а на неговиот погреб се собра импозантен број луѓе. Кога на мали години развива интерес за Бога, неговите родители не биле луѓе кои ја практикуваат верата. Тоа брзо се сменило а мајка му вели дека тој ја има „спасено.“

"Карло навистина го имаше Христос во срцето кое му беше чисто. Кога си чист во срцето, допираш до срцата на други луѓе а Исус беше центар на неговиот ден“, вели таа.

На момчето веќе му е препишано едно излекување на бразилско момче чии молитви биле упатени кон Карло, пред неочекувано да биде излечено од ретка болест. Следен чекор во беатификацијата ќе биде направен до октомври до кога од страна на совет на научници ќе треба да биде потврдено барем уште едно чудо извршено од него.

Идејата е Карло Акутис да стане светец заштитник на интернетот а ќе биде едно од ретките деца и малолетни ликови меѓу 10.000 светци кои црквата ги признава. Во ПР смисла, со ваков чекор папата Франциско би испратил порака дека во католицизмот има место и за технологијата што би била пожелна карактеристика на брендот за следните генерации католици.

******

Види:

Светец заштитник на македонските попови

29 јуни 2020 - 11:42