Барањето на Матијас Тесфаје е дека имамите и останатите лидери на муслиманската заедница во земјата треба да дадат јавна поддршка на правото на жените од нивната заедница кои имаат секс пред брак.
„Јас многу директно побарав од нив јасно и гласно да кажат дека муслиманките, секако, имаат право на секс пред брак како и сите други жени,“ напишал Тесфаје на Фејсбук.
Тој имаше и колумна во Дагбладет во октомври во која пишува: „слушам дека некои муслиманки се плашат дека тие нема да крварат на првата брачна ноќ. Се плашат дека ќе бидат тепани затоа што семејството од нив очекува да бидат девици на првата брачна ноќ. Ова е ваш живот и ваш избор. Не дозволувајте да ве управуваат имами и застарени правила“.
Еден дел од муслиманите се побунија што тоа секако треба да биде одлука на „самата девојка, не на имамот или министерот“, а Тесфаје зборува за нив како тие да немаат како да го кажат тоа.
Претходно Тесфаје тврдеше дека Данска се соочува со „опсежна војна за независност“ во која младите жени живеат во „невидлив затвор“ и присилни или насилни бракови, кои се дел од „негативна општествена контрола“.
Тој најави и повеќе закони според која „негативната општествена контрола“ ќе се квалификува како психолошко насилство, а се предвидува и казна од три години затвор за имамите што ќе дозволуваат „религиозен развод базиран на Шеријатот“. Во друг предлог се бара казна за родителите или свештениците кои ќе дозволат детски брак, што и онака е нелегално во Данска.
Минатата недела, тој го осуди и муслиманскиот обичај мажите да плаќаат пари за невестата. Повторно забелешката на муслиманките беше дека не е работа на владата дали тие ќе земеле венчален дар пред бракот (кој го враќаат во случај на развод), дополнувајќи дека Тесфаје трга од погрешна претпоставка дека сите муслиманки живеат во репресија.
Ставот на Тесфаје е дека овој адет врши притисок врз жената да остане во брак затоа што не може да го врати дарот, а од друга страна тој претставува сериозен товар врз мажот кога треба да се соберат парите пред брак.
„Ова е претставено како владата да треба да ги ослободи овие жени. Стариот ориентален мотив на... кафени жени кои живеат под опресија од нивните кафени сопрузи и ние требаме да ги спасиме од тоа...
... Венчалниот дар е важно право кога се влегува во муслиманскиот брак затоа што на жената и обезбедува нешто што е чисто нејзино. Откажувањето од ова право е чисто нејзина одлука, и таа не треба да биде наметната ниту од нејзиното семејство ниту од општеството,“ објаснува социологот и координаторка на Центарот за данско-муслимански односи, Амани Хасани.