На снимка од натпреварот на иранската репрезентација во Пула на Глобал челенџ турнирот во одбојка, се гледа како иранскиот тренер на репрезентативките им ја подава малата табла за пишување да ја удрат секој пат кога ќе добијат поен.
Потегот е по основа на погоре споменатиот закон и инстантно доби назив „халал да пукне“.
Дел од јавноста го исмева ваквиот потег на тренерот, саркастично порачувајќи „Фала Богу што најдовме решение за така голем проблем во нашата земја: ’халал да пукне’“.
Раздвојувањето на мажите и жените со години е клучен дел од законите на Иран. На жените им беше забрането да гледаат машки фудбал, а на мажи не е дозволено да седат во публика на женски футсал или други спортови.
Спроведувањето на ваквото немешање е најпроблематично кај спортскиот стручен кадар. По закон само женско може да биде тренер на женска репрезентација / клуб, меѓутоа затоа што немаат доволно стручен кадар тие се присилени да најмуваат мажи. Ваквата пат ситуација се решава со тоа што мажите по договор се водат како „советници за техника“, а функцијата тренер, на хартија, и припаѓа на жена. Инаку, тоа што некој е советник за техника не значи дека смее да влезе на натпревар на женски клуб.
Во 2017, романскиот тренер на иранската женска репрезентација во веслање беше отпуштен затоа што една од репрезентативките го прегрна откако го освои азискиот шампионат.